Струга ТЛ за едно полувреме го реши Силекс: Водство од 0-2 и црвен картон за кратовци (ВИДЕО)

Фудбалерите на Струга ТЛ се на добар пат да си ја сочуваат предноста во однос на конкурентите на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига. Стружаните уште по првото полувреме во првиот натпревар од 16. коло имаат предност од 0-2 на гостувањето против Силекс во Кратово.

Струга ТЛ уште во 10. минута од средбата дојде до предност со голот на Бесарт Ибраими по оправдано досудениот пенал за гостите.

Во 21. минута втор жолт картон и исклучување, поради груб старт, заработи Арсим Љамалари кај Силекс, па тоа уште повеќе им ја олесни задачата на стружани.

Веќе во 24. минута акција по левата страна на гостите и Малески од непосредна близина погоди за 0-2.


ПМФЛ – 16. КОЛО (прво полувреме)

Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 0-2

Ибраими 10′(п), Малески 24′

УТРЕ (13 ч.)

Скопје: СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ

Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Прилеп: ПОБЕДА – ШКУПИ

Слободна е Брегалница

Се вчитува...