Струга Трим Лум доведе уште две засилувања за пролетниот дел од сезоната

Струга Трим Лум релативно успешно го мина есенскиот дел од шампионатот во Првата лига, а сака дебитанското учество да го заокружи со добар резултат и во пролетната полуетапа. Пред почетокот на вториот дел од сезоната стружани доведоа уште две нови имиња во составот.

Албан Сулејмани ќе го засили нападот на Струга Трим Лум, а во средниот ред ново име е Анџело Демај.

Струга Трим Лум в недела на домашен терен го пречекува тимот на Работнички во првото пролетно коло.

Се вчитува...