Струмица го претрпе и четвртиот пораз во серија од стартот на сезоната, уште еднаш губејќи пред своите гледачи. Овојпат од Струмица како победници си заминаа кошаркарите на Куманово, кои лесно и убедливо триумфираа со 66-90.
Гостите целоно доминираа од самиот почеток, уште во стартната четвртина ставајќи до знаење дека се решени да дојдат до цел плен во Струмица (9-22). Предноста на кумановци растеше во првите три четвртини, за во последниот период да се проследи поизрамнета игра, откако веќе беа разрешени сите дилеми околу победникот.
[new_royalslider id=”828″]
Штерјов и Јаневски беа најдобри стрелци со по 16 поени, Караколев постигна 15 за Куманово, додека кај струмичани прв стрелец беше Тајнс со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА