Струмица на еден чекор од титулата во одбојкарското првенство!

Одбојкарите на Струмица се пред освојување на годинашнава шампионска титула, откако славеа и во вториот натпревар од финалната плејоф серија против Пробиштип.

На дуелот кој вечерва се играше во Пробиштип, струмичани славеа со 1-3, по сетови 22-25,16-25,25-19 и 25-27, по што поведоа со 2-0 во финалето.

За освојување на трофејот неопходна им е само уште една победа во серијата која се игра до три добиени средби. Следниот натпревар од финалето се игра во Струмица во понеделни, 8. мај, со почеток од 18:30 часот.

print - rezultati

Се вчитува...