Суарез: Ако играме вака нема да го освоиме Суперкупот

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез е свесен дека неговиот тим мора да игра многу подобро доколку сака да ја одбрани титулата во шпанскиот Суперкуп следната недела. Уругваецот по неуспехот во мечот со Еспањол беше критички настроен према својата екипа.

„Добро е што успеавме да стигнеме до пресврт и да поведеме со 1-2, но факт е дека изгубивме два бода. Ни претстојат неколку дена да се подготвиме за Супер купот. Ќе биде многу тешко против Атлетико Мадрид. Ако сакаме да ја освоиме титулата ќе мора да се подобриме и тоа брзо“, изјави Суарез. 

Каталонците на шести јануари заминуваат за Саудиска Арабија во која годинава ќе се одржи шпанскиот Суперкуп. Во новиот формат во полуфиналето тие ќе играат против Атлетико Мадрид, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Реал Мадрид и Валенсија.

Се вчитува...