Суарез и Фирпо го потопија Хетафе

Барселона успеа да слави и без Лионел Меси на гостувањето против Хетафе со 0-2. Каталонскиот тим поведе со голот на Луис Суарез во 41.минута, а Жуниор Фирпо на стартот на вториот дел ја удвои предноста.

Барселона во финишот остана со играч помалку по исклучувањето на Ленгле, во Хетафе немаше сили за да стори ништо повеќе кон голот на Тер Штеген, кој на овој меч оствари и асистенција, прва за еден голман на Барса во Ла Лига во 21.век.

Каталонците по седум одиграни меча собраа 13 бода, еден помалку од лидерот Реал Мадрид, кој вечерва го игра градското дерби со Атлетико.

Се вчитува...