Суарез и Рамос ја предводат втората петорка за „Златна топка“, Кејн и Левандовски третата

„Франс фудбал“ ги откри втората и третата петорка од вкупно 30 играчи, кои се кандидати за освојување на „Златна топка“ 2017.

Во оваа група дури тројца играчи се од шпанската Примера почнувајќи од напаѓачот на Барселона, Луис Суарез. По него следува капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, додека голманот Јан Облак е претставникот на Атлетико.

Репрезентативецот на Бразил и првата ѕвезда на Ливерпул, Фелипе Кутињо по фантастичниот учинок од минатата сезона заслужи да се бори за оваа престижна награда. Гол-машината на Наполи, Дрис Мертенс ја комплетира втората номинирана петорка за наградата.

DLsEGmaX0AAaxzH

Третата група од пет фудбалери кои се најдоа на овогодинешната листа за „Златна топка“, е предводена од голгетерот на Баерн, Роберт Левандовски и најдобриот стрелец од Премиер-лигата, лидерот на Тотенхем, Хари Кејн.

Следува голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа, додека миленикот на Гвардиола, Кевин Де Брујне е претставник од градскиот ривал на „ѓаволите“, Манчестер сити. Третата група се комплетира со репрезентативецот на БиХ и фудбалерот на Рома, Един Џеко.

DLsfcTxWAAAf2U7

Се вчитува...