Суарез и Роналдо донесоа предност за Барса и за Јуве

Барселона има минимално водство (0-1) на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед по првото полувреме од првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. Луис Суарез во 12.минута беше стрелец на голот, иако дефанзивецот Лук Шо е официјално впишан дека си постигна автогол обидувајќи се да спаси да се затресе мрежата на Де Хеа.

И Јувентус има водство од 0-1 во Амстердам. Кристијано Роналдо во 45.минута го постигна водечкиот гол за италијанскиот првак на овој меч.

 

 

Се вчитува...