Светот одбројува до новото „Ел Класико“, вечната пресметка меѓу Барселона и Реал Мадрид, а најновото издание ќе биде без Лионел Меси и без Кристијано Роналдо. Аргентинецот е повреден, додека Португалецот го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и од оваа сезона го носи дресот на Јувентус.
„Реал Мадрид е голем тим и без Кристијано Роналдо. Тие имаат голем број одлични фудбалери кои сигурно ќе ни создадат многу проблеми. Но, и ние сме подготвени за големиот дуел“, најави напаѓачот на Барселона, Луис Суарез. Тој има одиграно 13 натпревари против Реал Мадрид и има постигнато четири гола во директните дуели.
„Ел Класико“ е закажан за в недела, со почеток во 16.15 часот, на „Камп Ноу“ во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА