Суарез се враќа на терените порано од очекуваното

Конечно добри вести за навивачите на Барселона. Уругвајскиот напаѓач, Луис Суарез би можел да се врати по повредата порано од очекуваното. Според последните информации кои доаѓаат од Каталонија, опоравувањето на Суарез тече подобро од очекуваното, а тој би можел да се врати на терените уште во месец април.

Ако Барселона дојде до таа фаза, би можел да заигра во полуфиналето во Лигата на шампионите и во последните четири натпревари од шпанското првенство. Тој го оперираше коленото сезонава, а се предвидуваше дека веќе нема да може да заигра до крајот на сезоната.

Ова се одлични информации за Каталонците, кои до крајот на сезоната поради повреда го загубија и Османа Дембеле.

Се вчитува...