Субашиќ е само втор во историјата со три одбрани во пенал-рулетот

Даниел Субашиќ е херојот на Хрватска во вечерашното осминафинале против Данска, откако овој голман блесна кога беше најважно, па одбрани три удари од белата точка во пенал-рулетот и ги одведе „коцкестите“ меѓу осумте најдобри селекции во светот.

Присуството на Шмајхел на спротивната страна беше само мотив повеќе за асот на Монако, кој стана само втор во историјата на мундијалите со три одбранети удари во пенал-рулетот.

Претходно тоа му успеало само на Португалецот Рикардо, кој во 2006 гоина со извонредно издание ја елиминираше Англија.

Се вчитува...