Судиите без грешки во 20. коло во ПМФЛ

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 20 коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот  Фк.Струга Трим Лум – Фк. Македонија Ѓ.П одигран на 25.02.2023 година, анализирани се ситуациите од 32, 44 и 50 минута.

“Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.

32 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден  удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините  беше во посед на топката странично во 16-сетникот на гостите, на него стартуваше во пределот на ногата (колено) без да игра со топката играч од одбраната на гостите и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија , досуден е удар од 11 метри, бидејки играчот од одбраната на екипата на гостите стартуваше директно на ногата  (колено) на напаѓачот на домакините и направи недозволен старт.

44 минута: Д0БРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)

Играч на екипата на домакините беше во посед на топката пред 16-сетникот на гостите, над него со недозволен старт од позади грб меѓутоа на нога (на тетива)  стартуваше играч од екипата на гостите и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, доделен жолт картон за играчот на екипата на гостите поради недозволен старт од позади грб, но на ногата (тетивата) на противникот, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

50 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден  удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините ја имаше топката во свој посед во 16-сетникот на гостите (странично, на ќошот), над него невнимателно со лизгачки старт на ногата, без да игра со топката недозволено стартуваше играч од одбраната на гостите.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на домакините ,бидејки играчот од екипата на гостите недозволено и невнимателно стартуваше  на ногата на противникот без да игра со топката.

 На натпреварот  Фк. Скопје – Фк.Тиквеш одигран на 26.02.2023 година, анализирана е ситуацијата од 22 минута.

“Главен судија: Игор Иванов. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Мартин Петковски.

22 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч на екипата на гостите ја имаше во свој посед топката  странично во 16-сетникот на домакините, играч од одбраната на домакините направи минимален контакт (допир со рака на рамо) над играчот на гостите и истиот падна

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки контактот на играчот од одбраната на домакините над напаѓачот на екипата на гостите беше минимален и недоволен за удар од 11 метри.

На натпреварот  Фк. Шкендија – Фк. Победа одигран на 26.02.2023 година, анализирана е ситуацијата од 23 минута.

“Главен судија: Константин Влахо. Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин.

23 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините беше во посед на топката во 16-сетникот на гостите, играч од одбраната на гостите стартува  над играчот на домакините, по стартот играчот  од нападот направи уште два чекори и кога виде дека топката ќе излезе надвор од теренот за игра, падна.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки  играчот од нападот на домакините после стартот продолжи да игра со топката.

На натпреварот  Фк. Работнички – Фк. Брегалница одигран на 26.02.2023 година, анализирана е ситуацијата од 90+1 минута.

“Главен судија: Марјан Стојановски. Помошни судии: Давор Цветановскии и Мартин Дејаноски.

90+1 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

 Центрирана топка во 16-сетник на гостите странично од голот, играч на домакините ја прими топката ,во тој момент играч од одбраната на гостите минимално го повлече за рамо, по тој контакт играчот на домакините падна,

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки контактот на играчот од одбраната на гостите над напаѓачот на домакините беше минимален и недоволен за удар од 11 метри, исто така главниот судија во оваа ситуација  беше многу блиску, одлично поставен  и ја имаше играта во прегледност.

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Се вчитува...