Судија херој му спаси живот на фудбалер среде натпревар (ВИДЕО)

Босанскиот судија Антонио Бандиќ направи неверојатен потег на среде натпревар, па тој дефинитивно е вистински херој откако со неверојатна интервенција спречи млад фудбалер на Сараево да се задуши, после еден судир со противнички играч, по што фудбалерот падна во бесознание.

Ваквиот немил настан се случил девет минути по стартот на второто полувреме кога при еден дуел, десното крило на Сараево, Марко Оремуш се судрил со противничкиот фудбалер од Крупа, Тони Јовиќ, по што јазикот му навлегол во грлото, па паднал на теренот. Ваква страшна сцена имаше среќен крај, благодарение на главниот судија.

Бандиќ веднаш видел, па не сочекал ни да влезе лекарскиот тим на сараевчани на теренот и со експресна реакција интервенирал, за да го спаси Оремуш од задушување, откако му го извадил јазикот, за фудбалерот потоа нормално да почне да дише.

 

 

Се вчитува...