Судија, за што ти се очите: Вигинс го прелета Лука Дончиќ, но тогаш… (видео)

Ендрју Вигинс го имаше најатрактивниот потег на третиот финален меч во Западната конференција, откако асот на Голден Стејт брутално заби преку Лука Дончиќ.

Еуфоријата меѓу гостинските играчи експресно ја запре еден од судиите, кој на вчудовиденост на „воините“ од некаде измисли лишна грешка во напад од Вигинс.

Стив Кер побара „челинџ“ и поените на крајот беа признаени, но оваа судиска одлука ќе остане запишана како една од најсмешните во НБА-лигата сезонава.

Се вчитува...