СУДИСКА АНАЛИЗА НА 22. КОЛО: Оправдано досудени трите пенали на дербито во Струга

Судиска анализа за 22 коло од ПРВА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 22 коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот  Фк. Струга Трим Лум –Фк. Шкупи одигран на 08.03.2023 година, анализирани се ситуациите  од 21, 88 и 90+6 минута.

“Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Дејан Костадинов и Даниел Василевски.

21 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден  удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините  беше во посед на топката во 16-сетникот на гостите (близу просторот 5,5 метри), во моментот кога играчот од домакините ја упати топката кон голот на гостите, голманот на гостите со лизгачки старт направи прекршок на ногата на играчот што го упати ударот.

Исправна одлука на главниот судија , досуден е удар од 11 метри за екипата на домакините поради недозволен старт ( на ногата на играчот на домакините) на голманот на гостите и доделен жолт картон.

88 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден  удар од 11 метри)

Играч на домакините додаде топка кон свој соиграч во 16-сетникот на гостите, во моментот на примање на топката, играч од одбраната на гостите стартуваше невнимателно (отворен ѓон)и направи недозволен старт на ногата (бутот) над играчот на домакините.

Исправна одлука на главниот судија , досуден е удар од 11 метри за екипата на домакините поради недозволен старт (отворен ѓон) на играчот на гостите над играчот на домакините.

90+6 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден  удар од 11 метри)

Во 16-сетникот на домакините на една топка која не беше во ничив посед тргнаа два противнички играчи, играчот од гостите прв стигна до топката, ја удри и во тој момент играчот од екипата на домакините стартуваше навнимателно и  направи недозволен старт (на долниот дел од стапалото) над играчот на гостите.

Исправна одлука на главниот судија , досуден е удар од 11 метри за екипата на гостите, поради недозволен старт на играчот на домакините.

 На натпреварот  Фк. Силекс – Фк.Брегалница одигран на 08.03.2023 година, анализирани се ситуациите од 41 и 90+4 минута.

“Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Мартин Петковски и Филип Ицковски.

41 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите додаде топка до соиграч, кој во моментот на додавање се наоѓаше во линија со предпоследниот играч од одбраната на домакините, ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен, бидејки играчот од екипата на гостите во момент на додавање на топката од соиграчот се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со предпоследниот играч од одбраната на домакините).

90+4 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домакините додаде топка до соиграч, кој во моментот на додавање се наоѓаше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите кој закасни со правење офсајд замка, ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен, бидејки играчот од екипата на домакините во момент на додавање на топката од соиграчот се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите).

 На натпреварот  Фк. Шкендија–Фк.Работнички одигран на 08.03.2023 година, анализирана е ситуацијата  од 20 минута.

“Главен судија: Стојанче Стојанов. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Давор Цветановски

20 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден  удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините беше во посед на топката во 16-сетникот на гостите и без да има контакт од противнички играч кој беше близу него, падна и сакаше да симулира прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден идиректен слободен удар за екипата на гостите и доделен жолт картон за симулација на играчот на домакините

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа на 19 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од  19 коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот Фк.Охрид –Фк.Арсими одигран на 08.03.2023 година анализирани се ситуациите од 36 и  53 минута.

Главен судија: Дени Лековски. Помошен судија: Николче Дрнковски и Јовче Кокески.

36 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден  слободен удар)

Играч на гостите беше во посед на топка странично од голот на домакините и надвор од 16-сетникот на домакините, играч од одбраната на домакините направи недозволен лизгачки старт на нога на противникот пред самата линија од 16- те метри.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар и жолт картон,стартот на одбранбениот играч на домакините беше пред самата линија од 16-сетникот.

Главниот судија е одлично поставен, премногу блиску ситуацијата и  има убава и јасна прегледност.

53 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден  удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините беше во посед на топката во 16-сетникот на гостите, во моментот кога направи финта за да се ослободи од противникот, беше спречен со недозволен старт со нога (повлекување на долниот дел од ногата) од противнички играч.

Исправна одлука на главниот судија , досуден е удар од 11 метри за екипата на домакините поради недозволен старт на играч од екипата на гостите.

На натпреварот Фк.Саса –Фк.Слога Виница одигран на 08.03.2023 година анализирани се ситуациите од 48, 55, 60 и 90+6 минута.

Главен судија: Марјан Младеновски. Помошен судија: Александар Недевски и Милан Петров.

48 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините ја имаше во посед топката странично 16- сетникот  на гостите, играч од екипата на гостите сакајки да ја избие топката, минимално со тело го турна играчот на домакините и истиот падна.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален и  недоволен за удар од 11 метри. Гланиот судија беше одлично поставен и многу блиску ситуацијата, имаше комплетна прегледност.

55 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите ја имаше во посед топката странично 16- сетникот  на домакините, играчот од екипата на домакините кој беше еден до друг со напаѓачот, минимално со рака го повлече за рамо напаѓачот и истиот падна.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален и  недоволен за удар од 11 метри. Гланиот судија беше одлично поставен и многу блиску ситуацијата, имаше комплетна прегледност.

Во двете ситуации главниот судија имаше исти критериум и донесе исправни одлуки.

60 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт картон-ЦРВЕН)

На 30 метри од голот на домакините, играч на екипата на гостите ја имаче во посед топката, во еден момент му избега од контрола и сакајки да ја исконтролира пак направи недозволен лизгачки старт, со јак интензитет на ногата на противникот.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домакините и доделен жолт картон за играчот на гостите поради недозволен старт со јак интезнитет(на нога)на противникот, бидејки тоа му беше втор жолт картон на играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

90+6 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден  удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините беше во посед на топка странично во 16-сетникот на гостите, играч од екипата на гостите сакајки да стартува на топката, направи лизгачки старт на ногата на противникот, без да ја допре  топката и при тоа направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на домакините поради недозволен старт на играчот на гостите, стартот беше на ногата на противникот и при тоа без да ја допре топката.

Во сите ситуации главниот судија е одлично поставен и многу близу настаните.

На натпреварот Фк.Беса– Фк.Воска одигран на 08.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 30 минута.

Главен судија: Доне Ристовски. Помошен судија: Тоше Ицев и Зоран Ангелов.

30 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите додаде топка до соиграч, кој во моментот на додавање се наоѓаше во линија со предпоследниот играч од одбраната на домакините кој закасни со правење офсајд замка, ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен, бидејки играчот од екипата на гостите во момент на додавање на топката од соиграчот, се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со предпоследниот играч од одбраната на домакините).

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Се вчитува...