СУДИСКА АНАЛИЗА: Вардар доби „подарок“ против Беласица

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 30. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Победа – ФК Скопје одигран на 30.04.2023 година, анализирани се ситуациите од 28. и 84. минута.

Главен судија: Ндерим Тефику; Помошни судии: Слаѓан Марковски и Мартин Петковски;

28. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција).

Играч од екипата на гостите додаде топка до свој соиграч надвор од шеснаесетникот на домаќините, соиграчот ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е поништен и досудено е индиректен слободен удар за екипата на домаќините (офсајд позиција), бидејќи играчот на гостите што постигна гол во моментот на додавање на топката од соиграчот се наоѓаше во недозволена офсајд позиција, пред претпоследниот играч од одбраната на домаќините.

84. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)

Играч на екипата на гостите беше во посед на топката на половината на домаќините и странично од голот, играч од екипата на домаќините направи недозволен и неспортски старт на ногата на играчот што ја имаше топката во посед.

Исправна одлука на главниот судија, досудено е слободен удар за екипата на гостите и доделен жолт картон за играчот на домаќините поради недозволен старт на ногата на противникот, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот на домаќините, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон

На натпреварот ФК Брегалница – ФК Струга Трим Лум одигран на 30.04.2023 година, анализирани се ситуациите од 2. и 57. минута.

Главен судија: Александар Грујоски; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски;

2. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката близу голманскиот простор во шеснаесетникот на домаќините и малку странично од голот, играч од екипата на домаќините направи минимален контакт со телото од зад грб над играчот што ја имаше во посед топката и истиот падна.

Добра одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејќи контактот на играчот на домаќините над играчот на гостите беше минимален и недоволен за пенал.

57. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домаќините центрираше топка во шеснаесетникот на екипата на гостите, топката дојде до негов соиграч кој постигна гол со удар со глава.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е поништен и досудено е индиректен слободен удар за екипата на гостите (офсајд позиција), бидејќи играчот на домаќините што постигна гол во моментот кога неговиот соиграч ја центрираше топката се наоѓаше во недозволена офсајд позиција, пред претпоследниот играч од одбраната на домаќините.

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ, немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 27. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23

Судиската комисија ги разгледа спорните моменти од 27. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Беса – ФК Детонит одигран на 29.04.2023 година, анализирани се ситуациите од 9. и 25. минута.

Главен судија: Доне Ристовски; Помошни судии: Тоше Ицев и Ване Дупкаров;

9. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (признат гол – топката ја помина гол линијата)

Играч од екипата на домаќините центрираше топка од удар од агол, топката дојде до негов соиграч кој ја удри топката со глава кон голот на гостите, голманот на гостите ја одби топката, таа удри во стативата и потоа со целиот свој обем (воздушно) ја помина гол линијата, па потоа соиграч на голманот ја изби топката во поле.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен, бидејќи во моментот кога играчот од екипата на гостите ја изби топката во поле, таа со целиот свој обем (воздушно) ја помина гол линијата. Во оваа ситуација вториот помошен судија е одлично поставен и има целосна прегледност.

25. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домаќините центрираше топка во шеснаесетникот на гостите, топката дојде до негов соиграч кој упати удар со глава кон голот на гостите, голманот ја одбрани топката и таа повторно дојде до играчот на домаќините кој постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија, голот беше регуларен и не требаше да се поништи поради офсајд позиција, бидејќи при центрирањето на топката од соиграчот, играчот на домаќините што постигна гол се наоѓаше во дозволена позиција, пред претпоследниот играч од одбраната на гостите. Во оваа ситуација вториот помошен судија не е добро поставен (не е во линија со претпоследниот играч од одбраната) и затоа носи погрешна одлука.

На натпреварот ФК Беласица – ФК Вардар одигран на 29.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 81. минута.

Главенсудија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;

81. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досуден пенал)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката странично од голот и близу шеснаесетникот на домаќините, играчот на гостите ја центрираше топката во шеснаесетникот и играч од одбраната на домаќините ја изблокира топката со глава па потоа го удри во колено и таа излезе во корнер.

Погрешна одлука на вториот помошен судија кој сигнализираше со знамето игра со рака од играчот на домаќините, а главниот судија досуди пенал за екипата на гостите, бидејќи играчот на екипата на домаќините топката ја блокираше коректно.

Оваа ситуација беше тешка за проценка бидејќи во моментот кога играчот на домаќините ја избокира топката, двете раце на играчот беа широко одвоени од телото и во неприродна положба.

На натпреварот ФК Тетекс – ФК Пелистер одигран на 29.04.2023 година, анализирани се ситуациите 21, 55, 90+5, 90+7 и 106 минута.

Главенсудија: Марјан Младеновски; Помошни судии: Петар Новачев и Роберт Црвенов;

21. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, негов соиграч со глава ја додаде топката до свои соиграчи, од кои еден се наоѓаше во офсајд позиција, а еден играч се наоѓаше во дозволена позиција. Играчот што се наоѓаше во дозволена позиција постигна гол, меѓутоа другиот негов соиграч што се наоѓаше во офсајд позиција влијаеше на голманот со неговото движење и дојде до минимален контакт.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е поништен и досудено индиректен слободен удар за екипата на домаќините поради офсајд позиција на играчот од гостите, кој во моментот на додавање на топката од соиграчот сметаше на голманот со движењето и дојде до минимален контакт.

55. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал)

Играч од екипата на гостите ја имаше топката во свој посед во шеснаесетникот на домаќините странично од голот и близу гол аут линијата, играчот беше свртен со грбот кон голот на домаќините и многу минимално само беше допрен со раката од играч на домаќините за телото и истиот падна сакајќи да изнуди пенал.

Исправна одлука на главниот судија кој беше многу блиску ситуацијата и одлично поставен, досуден индиректен слободен удар за екипата на домаќините и доделен жолт картон за симулирање на пенал за играчот на гостите.

90+5 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал)

Играч на домаќините додаде топка кон свој соиграч во шеснаесетникот на гостите, соиграчот ја прими топката и без да има контакт со противнички играч (кој беше близу него) падна сакајќи да изнуди пенал.

Исправна одлука на главниот судија кој уште еднаш беше многу блиску ситуацијата и одлично поставен, досуден индиректен слободен удар за екипата на гостите и доделен жолт картон за симулирање на пенал за играчот на домаќините.

90+7 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон)

Во прекин на игра и една мешаница на играчите од двете екипи покрај клупите за резервни играчи, играч од екипата на домаќините крајно неспортски, со пластично шише удри противнички играч во глава.

Исправна одлука на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон за играчот на домаќините поради неспортски потег во прекин на игра (удар со пластично шише во глава на противник)

106. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домаќините центрираше топка во шеснаесетникот на гостите, топката дојде до негов соиграч кој ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија кој беше одлично поставен со претпоследниот играч од одбраната на гостите и имаше тешка ситуација, голот е регуларен бидејќи во моментот на центаршутот, соиграчот што постигна гол се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на гостите.

Појаснување за надоместувањето на изгубено време:

Главниот судија во 90. минута од натпреварот коректно дава да се играат +7 минути дополнително време што беше изгубено за време на второто полувреме ( 8 замени, 6-7 пати минимум влегува физио во терен поради повреди на играчи)

Крај на натпреварот е отсудено во 108. мин и 20 сек.

Натпреварот после 90 минута два пати е во прекин по 5 минути (од 90 мин. до 90+5 мин. по изедначувачки гол за гостите), (од 90+6 до 101 мин. поради масовна конфронтација на играчите) и два пати по 1 минута (104 мин. до 105 мин. конф. дом. публика со играчи на гостите) и (106 мин. до 107. мин после постигнување на победнички гол за домаќините).

Од 7. минути продолжено време, активно е одиграно 6 мин и 20 сек.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ, немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Се вчитува...