Судиската комисија на ФФМ со потврда: Скопје е двапати оштетен во Струга – Пелистер во дуелот со Гостивар

Судиската комисиј на ФФМ и понатаму продолжува јавно и транспарентно да ги анализира сите натпревари во рамки на македонскиот фудбал. Изминатиот викенд беа анализирани ситуациите од седмото коло на ПМФЛ.

Овојпат потврда пристигна за арбитрите на дуелот во Струга, за кои се вели дека направиле само две грешки, и тоа на ист натпревар. Гостите од Скопје се оштетени за две ситуации. Во 52. минута не откако не бил досуден офсајд при погодокот на домаќинот, додека во 65. минута не беше досуден удар од 11 метри за гостите.

На останатите натпревари кои што беа анализирани, констатирано е дека судиите одлично си ја завршиле работата и не направиле ниту една грешка.

Судиска комисија при Фудалската федерација на Македонија ги разгледуваше и спорните моменти од четвртото коло во Втората македонска фудбалска лига и ги соопшти заклучоците. Погрешна проценка на судиите постоела само на натпреварот во Битола, на кој главниот судија им досуди непостоечки пенал на гостите од Гостивар, кои на крај славеа победа од 1-3. На останатите натпревари од ВМФЛ кои беа предмет на анализа не беа пронајдени погрешни проценки на арбитрите.

Се вчитува...