Судиски подарок: Како може ова да биде пенал за ПСЖ (видео)

Огромно е разочарувањето во англиската фудбалска јавност по примениот гол на Њукасл во самиот финиш на гостувањето против ПСЖ, со контроверзниот пенал што Мбале го претвори во израмнувачки погодок за 1-1.

„Црно-белите“ успешно одолеваа на налетите на домаќините се до судиското продолжение, кога по една акција на ПСЖ топката најпрвин го удри Ливраменто во телото, потоа се одби од неговата рака, а судијата Марчињак по долга консултација со својот колега од ВАР собата реши да покаже на белата точка.

„Во Њукасл имаат право да бидат разочарани бидејќи одлуката беше спротивна на препораките на УЕФА. Според нив, ако топката удри во телото на играчот и потоа се одбие од дел од неговата рака, не може да стане збор за пенал бидејќи фудбалерот немал време да реагира по одбивањето. Имаше таква ситуација во второто полувреме кога топката го удри Мајли, ВАР-собата не реагираше, па навистина не знам зошто се јавија во судиското продолжение за иста случка. Исто така, му покажаа на Марчињак само еден агол од ситуацијата, да ја покажеа и камерата од зад голот што сите ја видовме во ТВ-преносот ќе беше уште поочигледно дека Ливраменто нема друг начин да реагира, а движењето на рацете му е сосема нормално“, изјави Марк Клатенбург, долгогодишниот ФИФА и УЕФА судија.

Погледнете ја ситуацијата и проценете сами дали полските арбитри беа во право…

Се вчитува...