„Судиските одлуки секогаш се во корист на Барса, ни се смеат“

Дефанзивецот на Гранада, Димитри Фулкје беше лут по поразот на својот тим од Барселона, бидејќи смета дека судиите им помогнаа на Каталонците да стигнат до трите бода. Барселона триумфираше на „Камп ноу“ со минимални 1-0, благодарение на голот на Лионел Меси во 76. минута, а седум минути порано Херман Санчез доби втор жолт картон.

„Секогаш кога ќе дојдеме на „Камп Ноу“ се случува истата работа. Се натпреваруваме, се бориме, но на крај не ни дозволуваат. Кога е потребно, судиските одлуки секогаш одат во корист на Барса. Буквално ни се смеат на нас малите и на нашиот напор да се бориме со нивните милиони“, изјави Фулкје. 

Барселона триумфираше во дебито на Кике Сетиен на клупата, победа со која се израмнија на врвот на првенствената табела со Реал Мадрид, додека Гранада е десеттопласирана.

Се вчитува...