Судот ги отфрли обвиненијата против Барселона за случајот „Негреира“

Апелациониот суд во Барселона ги ослободи обвиниенија за Барселона во случајот Негреира, за кој беа вмешани директорите,  Жозеп Бартомеу, Сандро Росел и актуелниот претседател Жоан Лапорта , одговорни за поткуп во врска со исплатите на поранешниот потпретседател на Техничкиот комитет на судии (CTA) Хозе Марија Хенрикес Негреира.

Обвинителството претходно се противеше на истрагата против каталонскиот клуб за исплатите кон Негреира, заклучувајќи дека тој нема статус на јавен службеник, и дека не постои кривично дело.

По оваа одлука, се огласи и клубот, кој изрази големо задоволство од одлуката и надеж дека понатамошните чекори целосно ќе ја докажат невиноста на клубот во овој случај.

„Барселона е задоволна од одлуката донесена денеска од Апелациониот суд на Барселона, бидејќи ја потврдува позицијата што ја брани клубот и ја елиминира хипотезата за наводно кривично дело поткуп“, стои во соопштението.

Се вчитува...