Шпанскиот суд наложил денеска замрзнување на сите банкарски сметки на компанијата која ја води легендарниот фудбалер на Барселона, Џерард Пике додека трае истрагата за договорот шпанскиот Супер-Куп да се игра во Саудиска Арабија.
Судот ги потврди извештаите на локалните медиуми, во кои се наведува дека истражниот судија Делија Родриго, постапил по барање на државниот обвинител да се блокира банкарската сметка на компанијата Космос, која ја основал и водел Пике.
Шпанската полиција поради овој случај го уапси поранешниот претседател на шпанската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес на почетокот на овој месец, во рамки на истрага за корупција и перење на пари за време на неговиот мандат. Уште седум лица се уапсени во март кога полицијата ги „тресеше“ канцелариите на федерацијата во Мадрид, и куќата на Рубијалес во Гранада.
Рубијалес беше осомничен дека го „премиестил“ финалето на Супер-Купот во 2020 година, со договор вреден 40 милиони евра по турнир. Пике наводно посредувал да се заврши работата, и тој меч да се игра надвор од Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА