Судот одлучи: Мегваер виновен по сите точки од обвинението

Грчкиот суд го прогласи Хари Мегваер за виновен по сите точки од обвинението против англискиот репрезентативец, кој учествуваше во тепачка за време на одморот на грчкиот остров Миконос.

Асот на Манчестер Јунајтед беше обвинет за вербално малтретирање, напад на полицајци и обид за поткуп, а сведоци потврдија дека Мегваер најпрвин им се обраќал на полицајците: Знаете ли кој сум јас? Јас сум капитенот на Манчестер Јунајтед… за потоа кога ја увидел сериозноста на ситуацијата во неколку наврати да им понуди мито за случајот да биде „ставен под тепих“.

Заедно со Мегвајер за виновен беше прогласен и неговиот брат Џо, кој настапува во нисколигашот Илкестон таун, како и нивниот заеднички пријател Кристофер Шарман.

Судот дополнително ќе ги изрече казните за големиот ас и неговите најблиски.

Се вчитува...