Судот одлучи: Сезоната во Франција нема да продолжи, но …

Фудбалската сезона во Франција дефинитивно нема да продолжи откако националниот суд ја одби жалбата на неколку екипи, кои бараа повторно да се игра фудбал во оваа држава, за патниците во Европа и испаѓање од елитното друштво. Сепак, добра вест добија клубовите од самото дно на табелата, откако беше одлучено дека во случај на прекин на сезоната не може да има испаѓање, што значи дека Амиен и Тулуз и во следната сезона ќе останат да се натпреваруваат во првата француска лига.

Франција беше една од првите држави во Европа што ја откажа фудбалската сезона, објавувајќи дека не постојат услови за одржување на спортски настани без да се зголеми ризикот од ширење на коронавирусот. Сепак, откако во меѓувреме продолжија фудбалските натпревари во Германија, а се очекува истото во следните десетина дена да се случи и во Италија, Шпанија и во Англија, француските клубови јавно се жалеа на погрешната државна стратегија, барајќи грешката да биде исправена.

Сепак, со денешната одлука пропадна и последната надеж за враќање на фудбалот на француската спортска сцена. Воедно, блокадата што спречува испаѓање од Првата лига ќе придонесе да дојде до промена на системот за натпреварување за сезоната 2020/21, со проширување на елитното друштво за уште две екипи.

Се вчитува...