Судот во Сеул пресуди: Вратете им ги парите дадени за Роналдо

Жителите на Јужна Кореа беа спремни за вистински спектакл кога во главниот град дојде  Јувентус како дел од турнејата во Азија, при што беа продадени дури 65 илјади карти за единствената прилика на Јужнокорејците во живо да го видат Кристијано Роналдо.

Сепак приказната доби друг епилог, откако италијанскиот тим одлучи да го изостави Португалецот од натпреварот поради медицински причини, што изрази големо незадоволство кај присутните на стадионот, а година дена по разочарувањето стигна и компензацијата.

Окружниот суд во Сеул пресуди во корист на навивачите на кои треба да им се вратат половина од средствата издвоени за оваа прикика, како и дополнителни 37 евра за секој тужител. Како причина за оваа одлука се јавува одговорноста на организаторот на натпреварот за Кристијано Роналдо да настапи на теренот.

Се вчитува...