Судски спор за реновирањето на „Камп Ноу“

Најавеното грандиозно реновирање на „Камп Ноу“ и на целата околна област кој и припаѓа на Барселона заедно со сите останати објекти во комплексот се соочи со судски спор откако граѓанска асоцијација поднесе тужба за запирање на проектот.

Во тужбата се бара, по рушењето на кошаркарската сала, „Палау Блауграна“, просторот да стане стопроцентно јавен.

Во април годинава, советот на градот и Барселона постигнаа договор за реновирање на сите објекти кои му припаѓаат на клубот. Проектот е наречен „Espai Barca“ и треба да биде почнат следното лето. Вредноста му е 639 милиони евра.

Асоцијацијата има серија забелешки на целиот проект почнувајќи од преголемата бројка луѓе кои би доаѓале на натпревари, а за чии возила ќе биде потребен дополнителен паркинг простор. Потоа во тужбата е опфатено и тоа што Барселона планира да гради и зграда со клупски канцеларии и хотел што според граѓанската асоцијација не подразбира економско динамизирање на регионот.

 

 

 

Се вчитува...