Марио Балотели имаше деби од соништата за тимот на Монца, постигнувајќи го првиот гол за италијанскиот второлигаш по само четири минути игра од дуелот со Салернитана.
„Супер Марио“ од бројните понуди ја избра токму онаа на Монца, тим со сериозни амбиции за влез во италијанската елита. Тој ги мина последните десетина дена во интензивни подготовки, а кога доби шанса од тренерот, тој на самиот почеток од мечот со Салернитана се најде на вистинското место и ја доведе Монца во водство.
Задачата не му беше премногу тешка, но јасно е дека Балотели со својот квалитет и искуството што го поседува ќе биде главен адут на Монца (на чие чело се Силвио Берлускони и Адријано Галијани) во битките за влез во Серија А.
Primeiro gol de Balotelli pelo Monza , com assistência de Carlos Augusto, ex Corinthians. #Monza @ACMonzaBrasil
— Mídia Bola (@MidiaBola) December 30, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА