Тео Симиќ имаше импресивно деби во НЦАА-лигата откако токму македонскиот центар беше меѓу најзаслужните за триумфот на неговиот тим Тексас Арлингтон над Норт Тексас Далас со 89-56.
Македонскиот репрезентативец беше максимално мотивиран и остави печат врз играта на својот тим, на теренот мина 18 минути, период во кој реализираше 16 поени и 9 скокови.
За Симиќ ова е прво искуство од другата страна на Атлантикот, откако во раната фаза од кариерата настапуваше во младинската школа на Барселона, потоа и Прат во втората лига на Шпанија. Тој имаше и кратка авантура во БиХ, додека во македонското првенство ги бранеше боите на ТФТ и на Кожув.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
