Во најинтересниот натпревар сезонава во Премиерлигата Челси и Манчестер сити одиграа реми со осум гола (4-4) како дел од последниот натпревар од 12. рунда во англискиот фудбалски шампионат.
Гостите стигнаа до водство од 0-1 преку Ерлинг Халанд кој доби еден сомнителен пенал по ВАР проверка во 25. минута. На 1-1 израмни Тијаго Силва во 29. минута, а целосен пресврт донесе Рахим Стерлинг во 37. минута. До крајот на првиот дел беше 2-2 преку Аканџи во првата минута од судиското продолжение.
Ново водство за Сити (2-3) донесе Халанд со својот втор гол во 47. минута. На 3-3 израмни Џексон во 67. минута, a Родри во 86. минута онесе ново водство за гостите. Конечните 4-4 беа дело на Палмер од пенал во 95. минута.
Chelsea 3 – [4] Manchester City – Rodri 86′
byu/PSGCampus insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА