Супер-фудбал во Дизелдорф, без победник меѓу Германија и Шпанија

Двата последни светски шампиони, Германија и Шпанија, одиграа фантастичен пријателски натпревар во Дизелдорф што заврши без победник, 1-1.

И двете селекции одиграа одлично, создадоа по пет-шест идеални шанси за погодок од кои реализираа само по една. Родриго ги доведе Шпанците во водство по едно одлично додавање на Иниеста, а на спротивната страна со прекрасен погодок израмни Томас Милер.

Тер Штеген му одбрани зицер на Иско од три метри, а во второто полувреме се посрамоти и Диего Коста, промашувајќи стопроцентна шанса. На спротивната страна, Де Хеа извонредно го запре обидот на Дракслер, непрецизен беше Вернер, а обидот на Хумелс заврши во гредата, за реми како најреален исход на овој натпревар.

Се вчитува...