Супер-гол на Несторовски во новата победа на Славен Белупо (видео)

Илија Несторовски продолжува со одличните игри во дресот на Славен Белупо, откако токму македонскиот голгетер беше најзаслужен за победата на својот тим од 0-3 на гостувањето против Горица.

Несторовски најпрвин асистираше при првиот гол на Славен што беше дело на Божиќ, за Македонецот да го заокружи одличниот настап со прекрасен погодок, кога во финишот со удар од работ на шеснаесетникотго мастираше домашниот голман.

Ова беше петти овосезонски погодок за Несторовски во дресот на Славен во хрватскиот шампионат.

Се вчитува...