Супер-малер: Акамбре пак се повреди, го пропушта ЕП во Хрватска

Вилијам Акамбре го потврдува епитетот на еден од најмалерозните ракометари во Европа откако францускиот репрезентативец заработи нова тешка повреда, по која ќе мора да отсуствува подолго време на терените.

Веспрем утрово обелодени дека Акамбре заработил тешка повреда на ахиловата тетива во самиот финиш од дуелот со Татабања, а лекарите предвидуваат повеќемесечна пауза за одличниот лев бек. Акамбре денеска отпатува за Монпелје, каде врз него ќе биде извршен хируршки зафат.

Едно е сигурно, овој ракометар нема да биде во комбинација за настап за Франција на претстојното Европско Првенство во Хрватска, иако се најде на првичниот список на селекторот Дидие Динар.

Се вчитува...