„Супер Марио“ пред нов предизвик: Манџукиќ има 10 натпревари за да го убеди Пиоли да остане во Милан

Марио Манџукиќ има уште десет натпревари до крајот на сезоната за да го убеди Милан да ја продолжи соработката со него. Иднината на хрватскиот напаѓач е доведена под знак прашалник, бидејќи ништо посебно не покажа откако дојде во славниот клуб оваа сезона.

Треба да се земе предвид дека Манџукиќ пристигна во Милано по сезоната во Катар, каде имаше проблеми со повредите, а нивото на фудбал таму не е ниту приближно на нивото како во Серија А. За искусниот офанзивен фудбалер, сегашниот договор со клубот истекува во јуни, но ако дотогаш Марио не успее да влезе во форма, тешко дека ќе биде можно да ја продолжи соработката, иако договорот има опција за продолжување на уште една година.

Од доаѓањето во Милано, Манџукиќ одигра четири натпревари и нема постигнато ниту еден гол. Сега му остануваат уште десет натпревари до крајот на шампионатот за да се обиде да го подобри впечатокот и уште еднаш да ја потврди својата класа.

Се вчитува...