Супер-мотивација: Германците ќе добијат по 250.000 евра за злато на ЕП

Германските ракометари денеска допатуваа во Загреб како актуелни европски прваци, а дополнителна мотивација за одбрана на круната од пред две години во Полска оваа селекција ќе има во извонредните премии ветени од страна на Германската Ракометна Федерација.

Како што јавува агенцијата ДПА, секој од репрезентативците ќе заработи по 250.000 евра доколку Германија второ првенство по ред успее да се искачи на тронот на ракометна Европа.

„Значително го зголемивме наградниот фонд, и тоа на барање на играчите. Со право го сторивме тоа и очекуваме нов успех“ – изјави Боб Хенинг, потпретседател на Германската Ракометна Федерација.

Германија е еден од ривалите на Македонија во групата Ц од овој шампионат, а нашиот дуел со актуелниот европски првак ќе се игра во рамките од третото коло, на 17 јануари.

Се вчитува...