Супер-натпревари на Адетокумбо и на Џејмс, победи на Милвоки и на ЛА Лејкерс

Кошаркарите на Милвоки бакс стигнаа до заслужена победа од 114-123 на гостувањето против Хјустон, пред се благодарение на „ѕверскиот меч“ на Јанис Адетокумбо. Грчкиот репрезентативец беше незапирлив за „ракетите“, постигнувајќи 41 поен, 17 скокови и пет асистенции, уште еднаш потврдувајќи зошто важи за еден од најдобрите кошаркари во НБА во моментов.

Далас претрпе нов пораз, овојпат на гостувањето против Индијана со 106-93. Лука Дончиќ беше на посакуваното ниво, стигнувајќи до 27 поени, 9 скокови и 9 асистенции, но Индијана стигна до победата благодарение на одличните Леверт (26 поени) и Сабонис (24 поени).

ЛА Лејкерс не виде мака против Оклахома, „езерџиите“ во првото полувреме стигнаа до водство од дваесет поени што потоа рутински го контролираа до самиот крај. Леброн Џејмс одигра извонредно реализирајќи 33 поени и шест асистенции, додека Бредли учествуваше со 22 поени во овој триумф на ЛА Лејкерс.

Резултати НБА:

Шарлот – Сакраменто 124-123, Индијана – Далас 106-93, Атланта – Бруклин 105-113, Торонто – Њујорк 90-87, Хјустон – Милвоки 114-123, Минесота – Кливленд 106-123, Њу Орлеанс – Детроит 109-93, Оклахома Сити – ЛА Лејкерс 95-116, Феникс – Бостон 111-90.

Се вчитува...