Фудбалерите на Челси и Манчестер сити веројатно го играат најдоброто полувреме сезонава во Премиерлигата. Четири гола, еден спорен пенал и многу надигрување, а ремито 2-2 по 45 минути веројатно е и најреалниот резултат.
Гостите стигнаа до водство од 0-1 преку Ерлинг Халанд кој доби еден сомнителен пенал по ВАР проверка во 25. минута. На 1-1 израмни Тијаго Силва во 29. минута, а целосен пресврт донесе Рахим Стерлинг во 37. минута. До крајот на првиот дел беше 2-2 преку Аканџи во првата минута од судиското продолжение.
Chelsea 2 – [2] Manchester City – Manuel Akanji 45+1′
byu/PSGCampus insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА