Супер-пресврт на „граѓаните“ против Тотенхем (ВИДЕО)

Манчестер сити славеше со 3-2 против Тотенхем Хотспус со пресврт во еден неверојатен трилер натпревар по негатива од 0-2 како дел од заостанат меч од 7. коло во англиската Премиер-лига.

Гостите имаа блиц-криг на крајот на првото полувреме и со головите на Кулушевски во 44. и Емерсон Ројал три минути подоцна на полувреме заминаа со голема предност од 0-2. Сепак, во вториот дел како да излегоа два различни тима. „Граѓаните“ заиграа далеку подобро и веќе во 51. минута преку Алварез намалија на 1-2. Само две минути подоцна веќе беше 2-2 со погодокот на Ерлинг Халанд. До целосен пресврт (3-2) „граѓаните“ стигнаа со голот на Ријад Махрез во 63. минута, додека конечните 4-2 беа дело на истиот фудбалер во 90. минута.

 

Manchester City [3] – 2 Tottenham – Riyad Mahrez 63′ from soccer

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...