Супер-трансфер во Автокоманда: Хрватот Златко Хорват потпиша за Металург

Металург продолжува со максимално засилување на тимот за новата ракометна натпреварувачка сезона ангажирајќи го и легендарното десно крило на хрватската репрезентација Златко Хорват.

Откако, македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски го одбра Вардар, тимот од Автокоманда се одлучи десната крилна позиција да ја пополни со досегашниот ракометар на ППД Загреб, Златко Хорват.

Хорват целата своја ракометна кариера ја мина во Загреб сега одлучувајќи се за прв интернационален предизвик во дресот на Металург.

Се вчитува...