Супер-вест пред Аталанта: Тројца стартери на Милан го победија коронавирусот

Милан ќе биде значително засилен за утрешниот натпревар против Аталанта откако тројца членови на „росонерите“ добија негативни резултати на тестирањето за коронавирус.

Анте Ребиќ и Раде Круниќ по негативните тестови веќе добија зелено светло да се вратат на тренинг, додека кај Тео Хернандез е утврдено дека првиот позитивен тест бил „лажно позитивен“. Откако шпанскиот лев бек добил два негативни тестови, сега и тој ќе може да му биде на располагање на стручниот штаб за утрешниот дерби натпревар.

Тренерот Пиоли најави и дека е презадоволен од физичката подготвеност на Марио Манџукиќ, па хрватскиот голгетер ќе се најде во составот за мечот со Аталанта и најверојатно шанса ќе добие во второто полувреме.

Се вчитува...