Супер вест за Баерн – се враќаат двајца клучни првотимци

Баерн Минхен ќе биде значително засилен за наредниот натпревар со Келн откако двајца стандардни првотимци му се ставија на располагање на тренерот Ханси Флик.

Томас Милер ги надмина проблемите со коронавирусот, па по двата негативни тестови одличниот офанзивец денеска го одработе целиот тренинг со екипата. Заедно со него беше и Серж Гнабри, кој се повреди во финалето од клупскиот мундијал против Тигрес, но ги надмина проблемите со мускулот и ќе биде во комбинација за дуелот со Келн.

Баерн освои само еден бод во последните две кола (реми со Арминија и пораз од Ајнтрахт), по што баварскиот гигант сега има само два бода предност во однос на второпласираниот Лајпциг на бундеслигашката табела.

Се вчитува...