Ливерпул го одигра најдобриот овосезонски меч славејќи против Реал Мадрид, но пред англискиот гигант викендов е нов огромен предизвик – гостување против Манчестер Сити на „Етихад“.
Арне Слот сепак доби добра вест во пресрет на овој значаен дуел, откако Александар Исак доби зелено светло за тренинг и ќе биде во комбинација за настап против Сити.
Шведскиот голгетер е најскапо засилување во историјата на Премиер-лигата, но засега има минимална минутажа и се уште нема постигнато погодок во елитното англиско фудбалско друштво.
„Исак доби зелено светло. Тој денеска тренираше со нас и ќе биде во комбинација со Сити. Пак ќе повторам, тој не ги мина подготовките со нас и тоа му се одразува врз формата и физичката сила. Сепак, имајте трпение, Алекс е врвен фудбалер и ќе го докаже тоа“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

