Супер Влаховиќ – На Србинот му беа потребни само 13 минути „еврогол“ во дресот на Јуве (ВИДЕО)

Ако денот по утрото се познава тогаш Јувентус заврши одлична работа со купувањето на српскиот интернационалец Душан Влаховиќ од таборот на Фиорентина во јануарскиот преоден рок.

Своето деби за „старата дама“ Влаховиќ го има вечерва во мечот против Верона, а му беа потребни само 13 минути за да го постигне и деби голот во „црно-белиот“ дрес. Тој на маестрален начин го лобуваше голманот на Верона и донесе водство од 1-0 за својот тим.

 

Се вчитува...