Супер-волеј: Како погоди Пјонтек, знае само тој (видео)

Кжиштоф Пјонтек продолжува со импресивните настапи во дресот на Милан откако полскиот ас постигна нов фантастичен погодок, овојпат на тешкото гостување во Бергамо против Аталанта.

„Росонерите“ се наоѓаа во негатива од еден гол се до самиот финиш од првото полувреме, кога една упатена топка во шеснаесетникот Пјонтек маестрално ја смести во мрежата, со волеј удар со левата нога, иако во моментите на шутот беше речиси целосно свртен со грб кон аголот што го погоди со шутот.

Ново ремек-дело, како доказ дека Милан заврши фантастична работа со ангажманот на овој суперталентиран голгетер.

Се вчитува...