Супер-засилување за Брегалница: Муарем во синиот дрес до јуни 2022 година (ФОТО)

Максимално продолжувајќи согласно своите амбиции за актуелнава сезона, Брегалница доведе засилување од репрезентативен калибар. Нов фудбалер на „сините“ е поранешниот македонски репрезентативец Муарем Муарем.

32-годишниот Муарем, кој е со исклучително богата интернационална кариера, потпиша договор до јуни 2022 година, со можност за продолжување на истиот за уште две години.

„Ангажиравме фудбалер од репрезентативен калибар, согласно добро познатите амбиции на клубот. Ако е добро познато дека Брегалница е исклучително млада екипа, ни беше неопходен искусен фудбалер како можност и за напредок на младите фудбалери. Искуство, стабилност и лидерство се носи во екипата со ангажманот на Муарем, нешто кое ни недостасуваше изминатиов период“ – истакна спортскиот директор на ФК Брегалница, Никола Тонев за официјалната интернет страница на клубот, веднаш по промоцијата на Муарем.

Муарем, кој на македонската сцена има настапи за Скопје, Работнички, Тетекс и Шкупи, на интернационалната сцена зад себа има повеќе од извонредни настапи за турските Ордуспор и Ескишехир, азербејџански Карабах, казахтански Актобе и албанскиот суперлигаш Фљамуртари.

Во дресот на А-репрезентацијата на Македонија најновото засилување на Брегалница има седум официјални настапи, а претходно ги минал и сите младински репрезентативни категории.

Се вчитува...