Суперкласико без голови

Кога играат Ривер Плата и Бока Јуниорс се тресе цел Буенос Аирес, возбудена е целата фудбалска планета, но љубителите на допадливиот фудбал овојпат во „Суперкласико број 211“ останаа покуси за голови. Френетичната атмосфера секако не изостана, а за среќа немаше големи инциденти по двата луди натпревари во финалето на Копа Либертадорес.

На „Монументал“ имаше жестоки стартови, Ривер Плата ја имаше доминацијата во поле, но не успеа да ја затресе мрежата на големиот ривал. Де Ла Круз и Прато имаа убави можности за Ривер Плата, но не беа прецизни, а во финишот Карлос Тевез можеше да донесе победа за Бока Јуниорс, која на овој меч беше ослабена за неколку стартери. На крајот, големото дерби на аргентинскиот и на светскиот фудбал заврши без голови.

Се вчитува...