„Суперкласико“ без победник: Бока и Ривер до 2-2 во првиот меч од финалето на Копа Либертадорес… (ВИДЕО)

Најголемите аргентински ривали Бока јуниорс и Ривер плата ремизираа (2-2) во уште едно „Суперкласико“ овој пат во рамките на финалната пресметка од Копа Либертадорес.

Првиот меч од финалето во најсилното јужноамериканско натпреварување остана без победник, па освојувачот на Копа Либертадорес ќе биде одлучен по реванш дуелот закажан за 24. ноември.

А, Бока јуниорс поведе на мечот откако Абриља ги доведе домашните во водство во 34. минута. Ривер Плата израмни преку Прато во 36. минута а Бенедето во 45. минута донесе нова предност за Бока пред полувремето.



Конечните 2-2 беа заокружени во 61. минута со автоголот на Изгуередос…

Се вчитува...