Суперкомпјутер предвиде: Јувентус ќе ја победи Барселона во финалето на ЛШ

Четвртфиналистите во Лигата на шампионите ги добија противниците како и патот до евентуалното финале. Дуелот меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед привлекува најголемо внимание меѓу дуелите за место во полуфиналната фаза. Жрепката одреди фаворитите Јувентус и Барселона да имаат потенцијален дуел дури во финалето.

Во очекување на пролетта која ќе ја донесе разврската во елитното натпреварување популарната радиостануца talkSPORT.com со помош на суперкомпјутер направи симулација на резултатите се до финалето.

Па така компјутерот предвиде дека Барселона ќе го елиминира Манчестер Јунајтед и ќе оди на Ливерпул кој пак ќе биде подобар во двомечот со Порто. Во другата половина од ждрепката Јувентус и Манчестер Сити ќе стигнат до полуфинален дуел. Барселона и Јувентус ќе бидат поуспешни во полуфиналните пресметки, а компјутерот вели дека италијанскиот тим ќе го добие финалето против Барселона со 2-1.

Се вчитува...