Суперкомпјутерот предвиде: Манчестер Сити се враќа на тронот, Лидс ќе има добра сезона

По извлекувањето на двојките за стартната рунда и на објавувањето на комплетниот распоред за претстојанта сезона во Премиер-лигата, излезе предвидувањето за тоа кој ќе биде следниот шампион и како ќе изгледа конечната табела. Според супер-компјутерот Манчестер сити ќе се врати на тронот.

Ливерпул ќе биде второпласиран, а Манчестер Јунајтед и Челси повторно ќе ја затворат најдобрата четворка, а следуваат Арсенал и Тотенхем. Компјутерот вели дека Лидс на нашиот Езгјан Алиоски кој сезонава се проби во најсилната конкуренција во следното првенство лесно ќе го избегне испаѓањето и ќе биде некаде на средината од табелата.

Се вчитува...