Суперкупот во Скопје, „момент на вистината“ за Герет Бејл

Зинедин Зидан се уште е во дилема дали утрешниот меч против Манчестер јунајтед да го стартува со младиот Асенсио, или пак шанса да му даде на Герет Бејл, кој минатата седмица се жалеше на повреда. Жозе Мурињо изврши дополнителен притисок врз Зидан истакнувајќи дека утрешниот Суперкуп на Европа ќе биде јасен знак дали во Реал Мадрид сериозно сметаат на велшкиот ас, или пак тој ќе биде достапен за трансфер во текот на летниот преоден рок.

„Ако игра утре, слободно можам да кажам дека е крај на приказната, бидејќи Бејл е дел од плановите на својот тренер, но и самиот ќе има силна мотивација да продолжи во Реал Мадрид. Ако пак се случи да не игра, дека некој нов трансфер може да значи негово заминување, сигурно е дека јас ќе го чекам на другата страна и ќе се борам со сите останати тренери за да го осигурам неговиот трансфер“ – порача Мурињо.

Шпанските медиуми најавуваат дека Зидан е подготвен да го жртвува Бејл за да го осигура потписот на Килијан Мбапе. Манчестер јунајтед е еден од клубовите што е најзагреан за ексфудбалерот на Тотенхем, за чии услугите Мурињо е подготвен да плати дури 90 милиони фунти.

Останува да се види одлуката на Зидан, дали Герет Бејл ќе биде стартер на утрешниот дуел на „Телеком арена“ во Скопје.

 

Се вчитува...