Суслина неприкосновена: Меѓу трите ѕвезди и со една од Топ 5 одбрани на колото!

Сосема очекувано, искусната руска голманка Ина Суслина е број еден од тимот на Вардар во убедливата победа на гостувањето против Ларвик изминатиов викенд во Лигата на шампионите.

Тоа го потврдува и изборот на ЕХФ, кој по оние нејзини 17 одбрани ја смести меѓу ТРИТЕ ЅВЕЗДИ на колото во ЛШ.

Покрај тоа, една од одбраните на Суслина е сосема заслужена во изборот на ТОП 5 ОДБРАНИ.

Се вчитува...