Сусо го напушта Милан, оди на позајмица во Севилја

Шпанскиот интернационалец Сусо го напуша „Сан Сиро“. Тој во наредните шест месеци ќе игра како позајмен играч во редовите на Севилја, а клубот од Андалузија ќе има опција и за комплетно откупување на неговиот договор.

Сусо минатата година постигна само еден гол на 17 натпревари за Милан, а речиси воопшто и да не беше во плановите на сегашниот тренер Пиоли. Токму затоа и побара да си замине, по што Севилја се јави како заинтересиран клуб за негов ангажман. Тој за „росонерите“ одигра вкупно 153 натпревари, постигна 24 гола и забележа 33 асистенции.

 

Се вчитува...